Секогаш среќна среда! Денеска се разбудивме со позитивна мисла како и секој останат ден, па ни беше потребна некоја колоритна комбинација за да бидеме уште поведри.

По тој повод, го одбравме омиленото колоритно бохо фустанче со сина боја како основа и тенки прерамки украсени со реси како детали.

Фустанчето го комбинираме со рамни сандали или влечки во крем нијанса со исти детали како на прерамките на фустанчето.

Денеска и чантата е во ист стил како фустанчето за комбинацијата да биде уште посовршена.

Имајте убав ден!

Објавено:
7 август 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
896 пати