Среда се чини е најлежерниот ден во неделата, а ако по неа доаѓа неработен ден, тогаш е уште поубав.

По тој повод, денеска ослободете се од сите костими и тесни фустани и уживајте во удобноста на овие кул широки фармерки во светла нијанса кои ги комбинираме со едноставна маичка на куси ракави во три бои.

Комбинацијата надополнете ја со едни од најобожуваните чевли сезонава, едноставни папучи, овојпат во бела нијанса украсени со златни детали.

Очилата за сонце и денеска се задолжителни, а чантата нека биде ваш избор.

Објавено:
1 август 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
309 пати