Среда во маслинести панталони и маичка со откриени рамена

12 јуни 2019

Најсреќниот ден од неделата е полн сонце и прекрасни температури, што значи супер летна комбинација во која ќе уживаме.

Денеска носиме широки панталони со висок струк во маслинеста нијанса и ги комбинираме со бела кошулка со карнери и откриени рамена.

Истата е неверојатен хит ова лето, а ја обожаваме бидејќи можеме да ја носиме на бројни пригоди и секогаш да изгледаме стилски.

Комбинацијата надополнете ја со сандали на потпетица, кружни обетки, сламена чантичка и очила за сонце.

 

Објавено:
12 јуни 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
527 пати