Нашиот денешен предлог е една елегантна и женствена комбинација. Широки здолништа со висок струк, што се врзуваат во делот на половината, се тренд што повторно се врати на модната сцена.

Ние едно такво во маслинесто зелена нијанса го комбинираме со бел, едноставен топ, со малку спуштени раменици. 

На кобминацијата ѝ додаваме сандали со ременчиња и висока потпетица, во слична нијанса со здолништето. Употребата на модни додатоци ја завршуваме со едноставен ѓердан и чанта со цветен принт која ја развеселува комбинацијата.

Вие додадете ги вашите омилени очила за сонце и кармин и подготвени сте за сите предизвици што ги носи денот, барем кога е изгледот во прашање.

Имајте среќна среда!

Објавено:
5 јули 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
521 пати