Денеска е последната среда од оваа година, а и вистинско време да почнеме да се дотеруваме за новогодишните прослави кои веќе се во тек. Носиме прекрасно фустанче во кафена нијанса со бројни цветни апликации во комбинација со топло кафено џемперче и капут во слична боја. Со оглед на тоа што фустанчето е некаде до колената, високите чизми во кафена нијанса се совршен пар за него денеска. Збогатете ја комбинацијата со оваа чанта во темно кафена нијанса и топла зимска капа со крзно.

Бидете среќни оваа среда! 

Објавено:
28 декември 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.492 пати