Среда во панталони со висок струк и бела ленена кошула

4 септември 2019

Среда се чини дека е најсреќниот ден во неделата, а денеска дополнително сме среќни поради пониските температури кои толку долго ги очекувавме.

Време е за нашите омилени кошули на долги ракави, па така денеска одбравме една прекрасна изработена од лен во нежна, бела нијанса.

Истата е доволно пријатна и доколку се зголемат температурите во текот на денот, а ја комбинираме со бели панталони и чевли по избор.

Во однос на деталите, денеска комбинацијата ја надополнивме со едноставна црна чанта и впечатливо ланче.

Имајте убав ден!

Објавено:
4 септември 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
577 пати