Оваа среда ја боиме во пастелни нијанси. Нашиот денешен предлог е здолниште со принт во зелени и пастелно розови нијанси. Она што го прави исто така впечатливо и трендовско е што е на преклоп и има ремен што се врзува на половината. 

Ја комбинираме со кошула без ракави со мали карнери во предниот дел. На тоа додаваме пастелно розови салинки и зелена чанта.

Со розов кармин и очила за сонце ја заокружуваме комбинацијата.

Имајте супер среда!

 

Објавено:
30 мај 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
525 пати