Оваа среда ја боиме во пастелно розови тонови. Нашиот денешен предлог е нежна, монохроматска комбинација.

Комбинираме широки панталони до глужд со интересна блуза на кратки ракави со текстура. На тоа додаваме чевли на ремче и врзување околу глуждот.

За крај, комбинацијата ја заокружуваме со очила за сонце и колор-блок чанта.

Ви посакуваме убав ден!

Објавено:
4 април 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
435 пати