Среда во плисирано здолниште и ролка во зелена нијанса

12 февруари 2020

Добро утро. Денешниов ден го започнуваме во комбинација во зелена нијанса.

Плисирано здолниште и ролка е комбинација која веќе неколку сезони е апсолутен хит. Во конкретниот случај се работи за парчиња во зелени нијанси, кои се искомбинирани со капут во зелено-сина нијанса.

Марама со принт и капа, како и чанта во да речеме кафена нијанса и чевли во истата се модните додатоци со кои можете да ја заокружите комбинацијата, а секако можете да направите и своја верзија на стајлингот со други бои.

Ви посакуваме убав ден!

 

Објавено:
12 февруари 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
566 пати