Конечно најсреќниот ден од работната недела кој треба да го искористите максимално! Иако утринските температури се ниски, во текот на денот се чини дека ќе имаме прекрасно сонце. Денеска носиме интересни фармерки со апликации и ги комбинираме со топол џемпер во сина нијанса. Утрово задолжително е и долгото сиво палто со кое дополнително ќе се стоплите, но и ќе изгледате неверојатно добро. Комбинацијата надополнете ја со сребрени впечатливи чевли и волуменозна чанта.

Имајте прекрасна сончева среда!

Објавено:
2 ноември 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
627 пати