Оваа среда се одлучивме да ви предложиме една комбинација совршена за летна забава или некоја летна свеченост, но истовремено можете да ја прилагодите и на дневна деловна комбинација, доколку дрес-кодот на работното место ви го дозволува тоа.

Се работи за тесно здолниште што ја следи линијата на телото. Интересно е и несекојдневно поради комбинацијата на принтови. Од едната страна е со точки, а од другата цветен принт. 

На фотографијата е искомбинирано со горен дел во златна нијанса, што се врзува во делот на половината. Ако сакате да го вклопите во деловна комбинација, додадете палто.

Комбинацијата ја заокружуваме со црни обувки и чанта исто така со принт. 

Имајте убав ден!

Објавено:
11 јули 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
282 пати