Уште еден ден поблиску до викенд! Оваа среда блеснете во ретро шик комбинација во неодоливи есенски бои кои едвај чекаме да ги комбинираме претстојната сезона.

Носиме едноставни фармерки во темна нијанса и ги комбинираме со шармантна кошулка во жолта нијанса со бели пруги.

Истата се врзува во предниот дел во панделка, што и дава една неодолива и романтична нота. Комбинацијата надополнете ја со темно кафена чанта со метални рачки и очила за сонце во нежна жолта боја.

Имајте прекрасен ден!

Објавено:
5 септември 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
436 пати