За оваа среда нашиот предлог е една весела и шарена комбинација. Се одлучивме за широко здолниште со висок струк и ремен на врзување. Принтот е во риги и тоа во различни бои што ја прави впечатлива и уште поразиграна.

Ја комбинираме со жолт горен дел, кој странично се врзува. Комбинацијата ја заокружуваме со модни додатоци. 

Одбравме тоа да бидат жолти сандали на ремчиња, како и сина чанта со жолти детали. На крајот, додадете кармин и очила за сонце иако ги нема на фотографијата и имајте прекрасен ден.

 

Објавено:
25 април 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
400 пати