Иако утрово се разбудивме со дожд во градот, тоа не значи дека треба да го заборавиме најсреќниот ден од неделата. Во духот на времето, денеска носиме претежно темни нијанси со акцент на карираната кошула и мантилчето за дожд кое ќе ве заштити доколку планирате да излезете надвор. Не двоумете се повторно да ги извадите чизмите од вашиот плакар, бидејќи само тие денеска ќе ви помогнат да уживате на дождот без проблеми. За уште постилски изглед, комбинирајте ја оваа зимска црна шапка која совршено се вклопува во комбинацијата и секако, не заборавајте и на елегантната чанта која е секогаш добредојдена.  

Објавено:
19 април 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
503 пати