Оваа среда ја боиме во виолетови тонови. Појдовната точка во нашата предлог-комбинација за денес се широки темновиолетови панталони со висок струк. 

Ги комбинираме со кошула со ситен цветен принт, има V-израз и карнер во долниот дел. 

На тоа додаваме чанта во слична нијанса со метални рачки, како и сандали во нешто посветла виолетова нијанса.

Комбинацијата ја заокружуваме со очила за сонце. Со оглед дека времето е променливо, за секој случај земете кратка јакна или палто.

Ви посакуваме убав ден!

Објавено:
11 април 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
498 пати