Оваа врнежлива среда одлучивме да направиме предлог комбинација во која ќе доминира сивата боја, но во која ќе внесеме неутрални и повпечатливи тонови.

Сивите фармерки со висок струк ги комбинираме со џемпер со пригушена вино нијанса. На тоа додаваме мантил во неутрална нијанса, што ќе внесе свежина во комбинацијата.

Кога се модните додатоци во прашање, топлиот кариран сив шал е задолжителен, како и гумените чизми. Чантата е црна, голема и практична.

Иако го нема на фотографијата, без чадор денеска не излегувајте.

Имајте убава среда!

Објавено:
8 ноември 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
789 пати