Иако надвор е сончево, ние одлучивме оваа среда да дадеме предлог-комбинација во која ќе доминираат црните и сивите нијанси.

Одбравме црни фармерки со висок струк, кои ги комбинираме со топла црна ролка. На тоа го додаваме апсолутниот есенски тренд - сиво карирано палто, со кожени елементи кај ракавите.

Комбинацијата ја довршуваме со црни чизми на врзување до глужд, како и чанта со комбинација на принтови.

Со оглед на сончевите зраци, додадете и очила за сонце и некој кармин во согласност со пригодата.

Имајте среќна среда!

Објавено:
1 ноември 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
739 пати