Сонцето денеска нè израдува, па затоа решивме денешната предлог-комбинација да содржи некоја весела и топла боја. Се одлучивме за портокаловата.

Стајлингот е составен од црни тесни панталони, кои ги комбинираме со топ кој е реплика на палто и е токму во интензивна портокалова нијанса. Одоздола го спојуваме со бела класична кошула.

На тоа додаваме долго палто-капут во бледо сива нијанса. Изгледот го завршуваме со модни додатоци. Чантата е во слична портокалова како горниот дел, додека чевлите се во колор-блок комбинација на сите посочени нијанси.

Имајте среќна среда!

Објавено:
7 март 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
388 пати