Патиките се секогаш супер избор и одлично се вклопуваат во речиси секоја комбинација. Денеска сакаме да се чувствуваме супер удобно, па комбинацијата ја надополнуваме со шик црни патики.

Носиме едноставни тесни фармерки во црна боја и ги комбинираме со црна нежна ролка, а одозгора бело капутче кое сезонава е вистински must have.

Чантата е во бела боја, а со оглед на тоа што имаме сонце во градот, со себе задолжително понесете ги и очилата за сонце.

Имајте убав сончев ден!

Фото: Pinterest

Објавено:
7 ноември 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
566 пати