Веројатно веќе забележавте дека сивата боја е една од нашите омилени во зимата, па и денеска носиме парчиња во сива боја. Комбинацијата од широки фармерки со сива удобна ролка е навистина шик, а доколку на истата и го додадете и ова топло капутче со животински принт тогаш имате полн погодок. Чизмите се во сребрена нијанса и неверојатно стилски, а што се однесува до модните додатоци, чантата е волуменозна и прекрасна, а капата со крзно тотално неодолива.

Уживајте во оваа среќна среда!

Објавено:
7 декември 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
520 пати