Средина на работната недела е, а денешната комбинација е во т.н. вино нијанса. Одбравме токму такво кратко здолниште на преклоп, идеално за повеќе пригоди. 

Го комбинираме со пастелно сина кошула со принт и панделка околу вратот. Чантата пак е во колор блок комбинација на пастелно сина и розова.

На крајот додаваме чевли на дебела потпетица и рамки за очила во истата нијанса со здолништето.

Ви посакуваме среќна среда!

Објавено:
13 септември 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
555 пати