Конечно дојде и најсреќниот ден од неделата, а засега се чини дека и денеска ќе имаме добро време со високи температури. Бидете елегантна дама денеска каде и да се појавите и одберете впечатливо здолниште како во случајов. Носиме интересен асиметричен модел до под колената во црно – зелени пруги и го комбинираме со едноставна црна маичка. Иако со оваа комбинација можете да носите високи потпетици, сепак ние и денеска одбираме удобни рамни црни балетанки и супер елегантна чанта. Што се однесува до шминката, земјените тонови и денеска се нашиот избор, а очилата за сонце и повеќе од потребни.

Уживајте во среќната среда! 

Објавено:
14 јуни 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
401 пати