Оваа среда одлучивме предлог-комбинацијата да биде со деловен тон. Комбинираме црни панталони со кошула на точки, која во пределот на половината има ластичиња кои ќе ви помогнат да го истакнете тој дел од телото. Во пределот на околувратникот се врзува во панделка, што два женствена нота.

На тоа додаваме сив капут со ремен на средината, кој исто така се врзува во панделка и црни детали околу џебовите и крагната.

Комбинацијата ја заокружуваме со црни чевли на широка потпетица и сива чанта.

Имајте успешен ден!

Објавено:
10 јануари 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.070 пати