Нашата денешна предлог комбинација веруваме дека ќе им се допадне на сите оние што мора да внимаваат на деловниот изглед, но истовремено сакаат да изгледаат софистицирано и женствено.

За денеска одбравме широко здолниште со џебови во сива боја со металик сјај. Го кобминираме со бела кошула, со тенка паднелка на околувратникот како детаљ и пастелно розово палто. 

На сето тоа додаваме црни салонки и сиво-црна чанта со животински принт.

Иако времето е облачно, сепак, ви посакуваме убав ден и добро расположение.

Објавено:
27 септември 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
712 пати