Конечно дојде и најсреќниот ден од неделата, а го дочекавме со малку пониски утрински температури од вообичаените. Оваа среда е совршен ден да го одберете вашето омилено здолниште од превртена кожа и да го комбинирате со слатко џемперче со црна панделка. Одберете високи чизми од превртена кожа во кафена нијанса и чанта во слична боја. Со почетокот на оваа прекрасна сезона, вистинско време е да се подновите со сенки во есенски нијанси. Уживајте во прекрасниот ден! 

Објавено:
5 октомври 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.031 пати