На средина на неделата и ден пред продолжениот викенд, блеснете во шик комбинација составена од неколку кул парчиња.

Денеска носиме фармерки во темна боја и ги комбинираме со шармантна бела кошулка со златни точки и панделка која се врзува во предниот дел.

Ги комбинираме со сламена чанта со кожен ремен и сандали во слична нијанса кои се совршени заедно.

Што се однесува до модните додатоци, со оваа комбинација единствено носиме кружни златни обетки кои се доволни за украсување на стајлингот.

Уживајте во денот!

Фото: Pinterest/Lulus

Објавено:
13 јуни 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
624 пати