Некаде кон средината на неделата можеме да кажеме дека имаме прекрасно време кое долго го чекавме и сега треба максимално да го искористиме. Денеска бидете елегантна дама со ова темно црвено кожено здолниште кое ние сакаме да го комбинираме со нежна сина блузичка и слатки чевли во иста нијанса како и здолништето. Чантата денеска е голема и во истата може да ви ги собере сите потребни работи во текот на денот. Комбинацијата истакнете ја со овој кармин во темно црвена боја кој денеска ви е доволен за да блеснете. 

Објавено:
26 април 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
408 пати