Конечно најсреќниот ден од неделата. Истиот поминете го во топла комбинација во која ќе уживате што и да правите. Облечете се добро поради ниските температури, а особено ако сте надвор и завршувате некоја работа. Носиме шик фармерки со висок струк и ги комбинираме со оваа модерна ролка во сребрена нијанса, а одозгора го носиме ова неверојатно топло капутче во сива и бела нијанса. Што се однесува до обувките, чизмите се единствениот избор зимава, па така денеска носиме едни стилски со врвки во предниот дел. Задолжителни денеска се зимската капа и ракавици, а секако и ова неодоливо крзнено ранче. 

Објавено:
14 декември 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
553 пати