Елегантен спој на женствено и деловно се постигнува на едноставен начин: со комбинација на фалтирано цветно здолниште со висок струк и еднобојна кошула.

Ваквиот стајлинг е масовно присутен кај светските трендсетерки бидејќи истовремено е практичен и удобен, а од друга страна женствен и впечатлив.

Исто така ваквата комбинација нуди бројни можности за комплетиање со модни детали: струкот може да го нагласите со тенок ремен со истиот дезен како оној на здолништето или да постигнете контраст со друга боја, чевлите може да бидат на висока потпетица или пак на ниска платформа, а чантата може да биде плико – доколку имате неформална забава со колегите или поголема чанта доколку ја пренамените функцијата на овој стајлинг во деловен.

Објавено:
16 јули 2015
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
322 пати