Стајлинг на неделата #19: комбинација од три бои + ефективен накит

18 септември 2013

И покрај тоа што за стајлинг на оваа недела одбираме невообичаена комбинација, сепак "неспоивите" парчиња одлично се синхронизирани во една привлечна целина. Ќерката на Мик Џегер, харизматичниот модел Џорџија Меј на себе искомбинирала три бои во спортско-елегантна варијанта. Силната црвена боја на здолништето и доминантната темно сина боја на спортската јакна, се неутрализираат со бледо сива боја на обичната маичка со мало деколте. Изгледот ефективно е надополнет со масивен сребрен накит и високи потпетици во истата боја, особено актуелна периодов.

 

Објавено:
18 септември 2013
Категорија: 
Стајлинг на денот