Стајлинг на неделата #25: романтичен цветен дезен за секоја сезона

31 октомври 2013

Со оглед на тоа дека Алекса Чунг важи за еден од најдобро облечените модели и телевизиски лица, и во конкретниов случај таа на себе носи совршена комбинација од фустан во едноставен А крој и црни чевли со висока потпетица. Она што ја прави уште повпечатлива е богатиот цветен дезен кој го видовме како основна инспирација во актуелните колекции на повеќе светски дизајнерски имиња. Транспарентните ракави и нагласената висока јака оставаат доволно силен впечаток, така што нема реална потреба од дополнителни аксесоари.

Објавено:
31 октомври 2013
Категорија: 
Стајлинг на денот