Познато е дека смелите комбинации многу повеќе си ги дозволуваат индивидуалците меѓу кои овој пат ја вбројуваме и пејачката Рита Ора која е фотографирана пред само четири дена во Њујорк. Рита на себе има комбинација од која дефинитивно е во уличниот Њујоршки фокус, а за нејзината маркантност допринесува токму ултра урбаната комбинација од колор – блок контрастен  капут на Прада, комбиниран со маслинест топ кој го открива стомакот и спортско плетено молив здолниште во истата нијанса. За уште поголем ефект таа ги облекла мрежестите црни хулахопки и ретро чизмите до глужт на квадратна потпетица.  Дека воопшто не се плаши да комбинира смели парчиња и преку нив да доминира, доказ е „пламената круна “ на нејзината глава изработена од пердуви, со која ја споила црвената плик чанта.

Објавено:
18 март 2014
Категорија: 
Стајлинг на денот