Стајлинг на неделата #45: дводелна комбинација + минималистичка шминка

15 април 2014

На неодамна одржаните MTV Movie Awards црвениот ќилим го преплавија урбани и тренди комбинации кои најчесто носејќи темпераментен и младешки дух, беа во различно изразени кроеви од едноставни минималистички линии до асиметрични исечоци кои доловуваа тридимензионални ефекти. Апсолутно една од највпечатливите беше појавата на младата холивудска актерка Шалин Вудли која изгледаше шик во дводелна комбинација на Балман. Маслинесто зелениот краток топ и фалтираното здолниште со висок струк беа надополнети единствено со впечатливи црни високи потпетици, што беа сосема доволни за одличен стајлинг. Фризурата ги следи новите тенденции и е со патец на страна, а шминката е минималистичка.

 

Шалин Вудли

Објавено:
15 април 2014
Категорија: 
Стајлинг на денот