Стајлинг на неделата #49: краток топ + здолниште со висок струк

21 мај 2014

Краткиот кожен топ споен со женствено миди здолниште со висок струк е ултимативен тренд сезонава, но сепак не по секоја цена! Во случајов имаме одличен пример како овој пар соодветно да се искомбинира со впечатливи аксесоари како што е плико чантата во двојна црно-бела варијанта и огледалните очила за сонце, кои го продолжуваат трендот од минатата сезона. Целиот изглед е разигран со бомбер јакна со колорен принт во интензивни бои и сандали со дебел ремен околу глуждот во јака жолта боја што како основен предзнак на целиот стајлинг ја става женственоста, но во една урбана дименизја карактеристична за уличната мода.

Објавено:
21 мај 2014
Категорија: 
Стајлинг на денот