На нејзиното актуелно патување во Италија, младата Селена Гомез им одржа стилска лекција на многу девојки ширум светот. Таа се појави во неколку совршено модерни комбинации, меѓу која и оваа во која, според нас, остави најголем впечаток.

Фустанот од колекцијата на нејзиниот омилен Зимерман е вистинското парче што ви е потребно за различни пригоди оваа сезона. Истиот е со неодолив и шармантен цветен принт и е вистинско олицетворение на женската елеганција и софистицираност која што понекогаш бара многу малку труд. Она дополнителното поради што го одбравме овој фустан е тоа што истиот е неверојатно тренди поради исечениот дел кај стомакот што го прави да изгледа како да е составен од два дела. Нежната тантела што внимателно е распоредена по долните краеви на фустанот му дава дополнителна нота на женственост, а делот кај деколтето и врвките му даваат особен ретро придонес што едноставно го обожуваме.

Младата актерка и пејачка фустанот го комбинира со бели сандали за кои мора да посочиме дека се полн погодок. Шминката и фризурата се сосема едноставни и нежни, бидејќи на вакво магично летно парче, ништо друго и не му е потребно!

Објавено:
22 јули 2014
Категорија: 
Стајлинг на денот