Стајлинг на неделата #62: панталони со висок струк + боја на портокал

11 август 2014

Џесика Алба важи за една од најдобро облечените дами во Холивуд, па не изненадува фактот што често нејзините дневни комбинации се успешен пример за стилски избор.

Во случајов таа направила спој на неколку актуелни тенденции: краток топ, пруги, панталони со висок струк во А крој и најактуелната летна боја-портокаловата.

Одличната комбинација е надополнета и со впечатлива чанта со црно-бел принт со геометриски форми, како и сандали со високи потпетици. Шминката е сведена на минимум што секако е пожелно особено како дневна варијанта во летниот период, додека фризурата е во блага брановидна форма.

 

Објавено:
11 август 2014
Категорија: 
Стајлинг на денот