Покрај тоа што Кејт Бланшет секогаш знае да го направи вистинскиот избор на стајлинг за црвениот килим и да ја остави маѓепсана и публиката и критиката, таа е исто толку умешна и кога се работи за секојдневниот изглед. Во конкретниов случај, врвната актерка направила една тотално лежерна, а истовремено урбана комбинација која е соодветна за високите летни температури. Лесната кошула во боја на праска ја споила со сафари панталони со подвиткани ногавици, а за дополнителна удобност одбрала апостолки со интересен принт. Изгледот е финиширан со очила за сонце во „мачкаста“ форма, а она што особено привлекува внимание е огромната чанта изработена во минималистички стил.

 

Објавено:
19 август 2014
Категорија: 
Стајлинг на денот