Стајлинг на неделата #73:кожено мини здолниште+морнарски пруги и балонер

28 октомври 2014

Британскиот супермодел, Рози Ханингтон Вајтли уште еднаш воодушеви со својот беспрекорен стилски израз. Овој пат нејзиниот шик-кежуал изглед е фотографиран неодамна од улиците на Лос Анџелес. Станува збор за ултра универзално обожавани парчиња кои таа ги споила на младешки и забавен начин. Трендовското кожено мини здолниште на преклоп го комбинирала со блузичка во морнарски пруги, врз која изгледот го финиширала со маслинастиот балонер. За соодветен контраст придонесува црвената чанта со долга рачка, а црните чизми до глужд  дополнително ги истакнуваат нејините долги и совршени нозе. Оваа есенска комбинација е практична, модерна и безвременска што дефинитивно ја вбројуваме во најдобрите од изборот на стајлинг за тековната недела.

Објавено:
28 октомври 2014
Категорија: 
Стајлинг на денот