Претпоследниот ден од работната недела и претпоследниот четврток во оваа година поминете го во супер модерно издание составено од неколку клучни парчиња за кои знаеме дека ќе ви се допаднат. Носиме фармерки во светла нијанса и ги комбинираме со шик блузон во црна нијанса со Star Wars напис. Одозгора задолжително понесете го вашето омилено црно палто со кожени детали и тренди чизми до глужд. Чантата е модерна и волуменозна, а за да се заштитите од студот единствено ви е потребно ова стилско капче. 

Објавено:
24 декември 2015
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
781 пати