Со оглед на тоа дека времето е студено и врнежливо, нашиот денешен предлог е една зимска, топла комбинација.

Иако времето можеби не е онакво какво што посакувате, тоа не значи дека викендот не треба да го искористите да се видите со драгите пријатели, семејството или саканата личност.

Облечете долга плетена туника, односно џемпер со темни фармеки или топли хеланки. Чизми за дожд и снег што ќе ви ги чуваат нозете топли и суви нека бидат вашиот избор на обувки, а секако од дома не излегувајте без убава зимска јакна.

Во нашиот случај тоа е една во беж нијанси, со која ги услогласивме и неизбежните зимски модни додатоци - капа и шал.

Доколку не сте љубител на капи, со оглед на тоа дека врне, секако земете чадор.

И за крај, не излегувајте од дома без добра крема за лице и нега на усни. Негата е секогаш во мода!

Ви посакуваме убав викенд!

Објавено:
16 јануари 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.676 пати