Треска во саботната вечер: Минималистички фустан + впечатливи обетки

24 септември 2016

Иако температурите деновиве се малку пониски од оние на кои навикнавме во изминатиот период, не двоумете се оваа сабота да излезете со пријателите и едноставно да уживате во вечерта.

По тој повод, одберете едноставно минималистичко фустанче во темно сина боја со широки ракави и карнери во долниот дел, а комбинирајте го со овие црни чизмички до глужд.

Оваа есен ние сме заљубени во впечатливите обетки, па така и денеска носиме едни такви во сребрена варијанта.

Шминката и фризурата се сосема едноставни, а доколку вие сакате да ја нагласите, нанесете кармин во некоја од вашите омилени нијанси.

Имајте супер забавна саботна вечер!

Комбинација: Fashion Group

Фустан, чизми: Mango

Обетки: Parfois

Модел: Антонела Давитковска

Шминка: Елена Андовска

Објавено:
24 септември 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.226 пати