Оваа работна недела стартувајте ја во стајлинг што комплетно го носи духот на летото преку тропските принтови.

Одберете миди фустан на преклоп со врзување околу струкот, изработен од пријатен и лесен материјал, се разбира со впечатливи тропски принтови.

Комбинацијата надополнете ја со впечатливи кломпи во црна варијанта и мини чанта со тенко синџирче за преку рамо.

Одберете и некој летен аксесоар по ваш избор избор, како на пример масивни, темни очила за сонце, а шминката нека биде минимална и во неутрални тонови.

Имајте позитивен почеток на оваа работна недела!

Објавено:
10 јули 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
350 пати