После напорната работна недела, бројните обврски и размислувањата за тоа што да облечете, доаѓа викендот на кој можете сосема опуштено да му се препуштите.

Токму затоа, ние денеска ви предлагаме една удобна комбинација составена од џинс, памучно боди-блуза во темноцрвена нијанса и сив широк џемпер, кој може да ви послужи и како наметка, но и како јакна, зависи каде ќе се движите и колку сте зимурливи.

На сето тоа додаваме чевли во сина, во колор-блок варијанта и чанта исто така во црвена, соодветна нијанса.

Ако сакате, можете да додадете шал и очила на сонце. Оставаме на вас да си играте со модните додатоци.

Ви посакуваме убав викенд!

Објавено:
5 ноември 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.474 пати