Сончевите зраци повторно ни се враќаат, па токму затоа за денес одбравме весела комбинација. Нашиот предлог е фустанче со интересен принт.

Го комбинираме со куса тексасна јакна, сандали на потпетица, чанта и очила за сонце. Доколку пак на работното место имате поофицијален дрес код, јакната заменете ја со некое палто и салонки.

За што и да се одлучите, нема да згрешите. И секако, доброто расположение и насмевката секогаш нека се со вас.

Ви посакуваме среќна среда!

Објавено:
5 април 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
504 пати