Вториот ден од работната недела повторно со сонце во градот, но со пониски температури со кои се чини од утре почесто ќе се соочуваме.

Денеска носиме бел џинс со висок струк и го комбинираме со топла ролка како едно од омилените наши парчиња во текот на зимата.

Комбинацијата надополнете ја со стилско капутче во бела нијанса и впечатливи чизми со животински принт.

Од модни додатоци денеска единствено носиме црна чанта, а дополнително можете да одберете и некои обетки.

Имајте сончев вторник!

Фото: Pinterest

Објавено:
29 октомври 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
651 пати