Вторник во бела кошула со карнери
•
9 мај 2017
Вториот ден од работната недела го дочекавме со малку облачно време, но тоа никако не значи дека денеска не треба да блеснете во полн сјај. Носиме елегантни темно сини панталони и ги комбинираме со бела кошула со карнери на ракавите која е едноставно неодолива. Бидејќи утрата сѐ уште се студени, комбинацијата надополнете ја со оваа свилена темно сина јакна со цветни апликации и чевли на потпетица по ваш избор. Чантата денеска е супер тренди, а направена е од две супер бои со реси во предниот дел.
Уживајте во денот!