Вториот ден од работната недела го дочекавме со драстично различно време од вчерашната пролет, па повторно им се враќаме на капутите и чизмите.

Денеска носиме едноставни црни фармерки со патенти од страните и ги комбинираме со шармантна бела кошулка со интересни црни детали и копчиња во иста боја.

Комбинацијата заокружете ја со црно тенко капутче, стилски црни чизми на потпетица и едноставна, но елегантна чанта во која ќе ви собере сè што ви е потребно.

Имајте убав ден без разлика на студеното време!

Објавено:
12 март 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
693 пати