Вториот ден од работната недела го дочекавме со малку пониски температури, но тоа не значи дека не можеме да ја комбинираме омилената маичка на куси ракави со шик јакна.

Комбинираме едноставни црни панталони со бела маичка и црна кожена јакна која никогаш не излегува од мода.

Оваа сезона вистински хит се чизмите со принт, па денеска носиме едни такви на потпетица и ги комбинираме со шик чантичка.

Како и секој ден, кафето е задолжително за расонување.

Добро утро!

Објавено:
2 октомври 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
811 пати