Овој вторник се разбудивме со сонце во градот, но со малку пониски температури, па потребно е добро да се облечеме за да ни биде топло и удобно.

Носиме едни од најпосакуваните панталони за оваа сезона со кариран принт и ги комбинираме со топло бело џемперче со интересни и широки ракави.

Комбинацијата надополнете ја со шик бели патики и црна чантичка, а секако, од дома не излегувајте без омиленото топло сиво капутче.

Уживајте во денот!

 

Објавено:
13 ноември 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.273 пати