Вторников го боиме во бели нијанси. Нашиот денешен предлог е една деловна комбинација, која веруваме ќе биде инспирација за многу жени.

Бели панталони што ја следат линијата на телото, во комбинација со долг елек со ревери е стајлинг што можете да го искористите за повеќе пригоди, не само деловни.

Елекот има ремен на половината, а модните додатоци - очилата за сонце, чантата и дискретниот накит и брошот се во златни нијанси.

Во истата нијанса се и сандалите со ремчиња.

Имајте убав ден!

 

фото извор: Pinterest.com;

Објавено:
18 септември 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
530 пати